Холандската Влада одлучи на Украина да и испрати 200 противвоздушни ракети „Стингер“.
Во заедничкото соопштение на министерствата за надворешни работи и за одбрана се наведува дека Украина побарала дополнителна воена материјална поддршка и оти ќе и биде дадена.
Се наведува дека 200 противвоздушни ракети „Стингер“ ќе и бидат доставени на Украина во најкус можен рок.