Холандското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја преместува својата амбасада од Украина во Полска, за да се осигура безбедноста на нејзиниот персонал.
„Министерот за надворешни работи, Вопке Хоекстра, одлучи амбасадорот Јенес де Мол и неговиот тим веднаш да се преселат во Јарослав, на полската страна на границата со Украина, а својата работа да ја продолжат оттаму“, се наведува во соопштението на Министерството.
Минатата седмица уште пред почетокот на руската воена интервенција Хаг ја пресели својата амбасада од Киев во украинскиот град Лавов, оддалечен 70 километри од границата со Полска.