Капитенот на македонската фудбалска репрезентавија, Горан Пандев денеска против селекцијата на Холандија ќе го одигра последниот меч во националниот црвено-жолт дрес.
Натпреварот во Амстердам ќе биде 122 за Пандев во македонскиот дрес. Тој е македонски рекордер според бројот на настапи (121) и постигнати голови (38).
Натпреварот Македонија-Холандија ќе започне во 18 часот. Холандија го обезбеди првото место во Ц-групата, со победите над Украина (3:2) и Австрија (2:0). Македонија, од друга страна, ќе се обиде да го освои првиот бод на европските првенства.
Во првите две рунди Македонија потклекна пред Австрија (1:3) и Украина (1:2).