Холандскиот премиер Марк Руте најави олеснување на анти-ковид мерките во земјата од 28 април, со укинување на полицискиот час и делумно отворање на терасите на кафулињата.
Воведувањето на полицискиот час во јануари, прв во Холандија по Втората светска војна, ги предизвика најголемите улични немири во последните неколку децении.
-Секако дека сме среќни што тоа е повторно можно, бидејќи општеството се стреми кон поголема слобода, рече Руте на прес-конференција, додавајќи дека оваа фаза на отворање е „многу внимателна“.
Терасите на кафилињата ќе можат да работат од 12 до 18 часот и во исто време ќе можат да примаат до максимум 50 лица, кажа премиерот.
Воедно на Холанѓаните ќе им биде дозволено да примаат по двајца гости во домот во текот на денот, место само еден, како што беше досега.
Од почетокот на пандемијата, Холандија, земја со население од малку над 17 милиони жители, регистрира над 1,3 милиона случаи на Ковид-19, а досега 16.000 лица го загубија животот од болеста.