Викендов се одржа музички фестивал во Холандија, среде пандемија. Во саботата, 1.300 луѓе поминаа четири часа танцувајќи на музиката на локалните диџеи Сем Фелдт, Лејди Би и Санери Џејмс и Рајан Марсијан во најголемата музичка сала во Амстердам.

Интересот беше огромен. За билети кои чинат 15 евра се пријавиле 100 илјади луѓе, а тие биле распродадени за само 20 минути.

Целиот настан беше организиран за да се проучи ширењето на короната на масовни настани, а сите учесници мораа да се придржуваат до строгите правила. Тие беа поделени во шест групи и секоја од нив требаше да се однесува на одреден начин. Некои носеа маски цело време, други држеа дистанца, едната група беше охрабрена да пее гласно и слично.

Собраните податоци ќе се искористат за да се најде најдобриот начин за релаксирање на мерките.

“Мерките што ги имаме сега се генерички и дозволуваат, на пример, максимум 100 гости на настан дури и ако падне бројот на заразени. Се надеваме дека ќе можеме да воведеме мерки што се многу попрецизни како отворање сали на половина од нивниот капацитет “, рече Тим Берсма од Филделаба, организација од која холандската влада нарача истражување.

Секој присутен мораше да направи негативен тест за корона не постар од 48 часа, а нов тест треба да се направи пет дена по забавата.

Ова не е прв ваков експеримент во Холандија. Претходно, тие организираа театарски претстави, конференции и спортски натпревар.