Арјанит Хоџа од Движење Беса во изјава за ТВ 21 истакна дека објавеното видео од страна на Али Ахмети значи дека ДУИ се подготвува за избори и претставува сигнал за камуфлирање на внатрешните проблеми во партијата.

„Што се однесува до она што беше објавено, тоа укажува дека ДУИ стравува, дека сепак се подготвува на изборите, било предвремени или редовни… факт е дека се подготвува да оди во опозиција“, вели Хоџа.

Тој најави дека наредната недела дел од структурата на ДУИ ќе премине во Беса.