Снегот направи големи проблеми во Шпанија, а дел од фудбалерите на Атлетико Мадрид мораа да изнајдат алтернативен начин како да стигнат на тренинг.
Поради големите снежни наноси во Мадрид кои се најголеми во последните 50. години, фудбалерите на Атлетико Мадрид не беа во можност да одат на тренинг како што се навикнати, со нивните скапи автомобили кои не се најсоодветни за снежни услови.
Поради тоа, дел од нив мораа да изнајдат алтернативен начин и помош побараа од соседот.
Белгискиот репрезентативец Јанис Караско одлучи од соседот да го позајми автомобилот, стара Фиат Панда и заедно со соиграчите Томас Лемар и Маркос Љоренте заминаа на тренинг.