Ракометната репрезентација на Македонија денеска со поразот од Белорусија го заврши настапот на Мундијалот во Египет и го оствари најслабиот пласман во досегашните учества на светските првенства.

Ракометарите забележаа само една победа и пет порази, а последниот ден, нашите пикери Стојанче Стоилов и Жарко Пешевски го искористија да се фотографираат со најголемата сензација на Мундијалот, пикерот на Конго, дебелкото Готје Мвумби.