Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека републиканскиот кандидат за Белата куќа Доналд Трамп ќе се обиде да ги повтори настаните од нацистичкиот собир во Медисон Сквер Гарден во Њујорк во 1939 година, на неговиот митинг на истата локација во недела.
Клинтон, која ги загуби претседателските избори од Трамп во 2016 година, во денешното интервју за Си-Ен-Ен изјави дека во својата нова книга пишува за „фашистичката реторика“ на поранешниот претседател.
„Претседателот Френклин Рузвелт беше згрозен што неонацистите, фашистите во Америка се редат за да во основа ја дадат својата поддршка за видот на владата што ја видоа во Германија. Затоа, мислам дека не можеме да го игнорираме“, рече Клинтон, споредувајќи ги денешните поддржувачи на Трамп со настаните во САД во пресрет на Втората светска војна.