Секогаш кога Хенри Кавил е меѓу главните актери во филмовите, сите знаат дека е предодредено овие филмови да станат сензација.

Така беше и со серијата „The Witcher“ во која го толкува главниот лик Гералт или пак во филмот „Enola Holmes“ во кој го игра легендарниот детектив Шерлок Холмс. За само неколку години, овој актер ги освои срцата на обожавателите ширум светот.

Кога од денешна перспектива го гледаме неговиот успех, речиси никој не се сеќава дека Кавил во минатото беше прогласен за „најнесреќниот човек во Холивуд“, поради големите улоги што требало да ги добие, но ги изгубил во последен момент.

Кариерата ја започна во 2001 година, кога глумеше во филмот „The Count of Monte Cristo“. А неговата кариера „експлодираше“ во последните години со главни улоги како во „The Witcher“ и улогата на Шерлок Холмс со кои стана еден од најсаканите актери на денешницата.

Имено, во 2000-тите, актерот изгубил низа одлични филмски улоги, поради што познатото британско филмско списание „Empire“ го нарече „најнесреќниот човек во Холивуд“.

epa-efe
EPA-EFE/WILL OLIVER

Кавил е познат дека и приватно ги обожава игрите како „Witcher“ или филмови како што е франшизата за Хари Потер. Знаејќи го ова, неговите обожаватели започнаа петиција со барање Кавил да ја добие улогата на Седрик Дигори во филмот „Harry Potter and the Goblet of Fire“. Кавил бил на аудиција за оваа улога, но за жал, улогата ја доби Роберт Патисон.

Слична ситуација имал и за улогата на најпознатиот вампир Едвард Кален во 2008 година во сагата „Twilight“. Авторката на приказните за популарните вампири и врколаци Стефани Мајер, во периодот пред да се снимаат филмовите тврдеше дека Кавил е нејзиниот прв избор за ликот на Едвард Кален, но, на крај улогата повторно му припаднала на Патисон.

Единствениот актер што сум го видел и кој навистина може да ја отелотвори улогата на Едвард Кален е Хенри Кавил“, во тоа време изјави Мајер за „MTV“.

epa-efe
EPA/WILL OLIVER

Режисерите на филмот тогаш тврдеа дека актерот бил престар за улогата на 17-годишен вампир. Таа улога повторно ја доби Роберт Патисон на кого истата, му донесе светска слава.

Го изгубивме совршениот Едвард“, тогаш го изрази своето незадоволство авторката.

Во 2005 година, Кавил повторно изгуби улога и тоа за најпознатиот британски шпион Џејмс Бонд. Таа улога му припадна на Даниел Крег, а последниот филм во кој Крег ќе го игра Бонд излегува наскоро. Кога Кавил слушнал дека ова навистина ќе биде последниот филм на Крег во улогата на Бонд, актерот повторно изразил интерес за улогата велејќи дека ќе се пријави на аудиција веднаш штом ќе биде објавено.

epa-efe
EPA/KIMIMASA MAYAMA

Многу обожаватели на „DC“ филмовите го нарекуваат Кавил најдобриот Супермен што некогаш го виделе, но патот до таа улога за актерот не бил лесен. Имено, „Iron Man“ не е единствениот филм во кој Кавил требаше да го игра култниот Супермен. Првично требаше да ја добие улогата на Супермен
во филмот „Superman Returns“ во 2006 година. Иако повеќето работи околу неговата улога веќе биле договорени, во последен момент се смениле режисерите и улогата за следниот Супермен му припадна на актерот Брендон Рут.

37-годишниот Кавил е еден од оние актери кои покажаа дека напорот секогаш се исплати, затоа што по неколку години тој сепак го оствари својот сон и стана новиот Супермен.