Премиерот Зоран Заев, вечерва на гостувањето во „Канал 5“ на „Само Вистина“ коментираше за употребата на хеликоптерот. Тој истакна дека кога Груевски го користел хеликоптерот, сите молчеле, а сега кога тој го употребува, имало големи реакции. Се јави со реакција и Никола Груевски.
-Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше молк. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби, откри Заев.
Екс премиерот Никола Груевски, пак, веднаш му одговори на Заев.
„Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер“, напиша Груевски на својот „Фејсбук“.