Актерката Хелена Бонам Картер (54) негува прилично посебен стил, не обидувајќи се да изгледа совршено, па честопати можеме да ја видиме со разбушавена коса и немарно нанесена шминка.

Каква и да се појави во јавноста, 54-годишната Бонам Картер зрачи со самодоверба, затоа што добро знае што прави. Ѕвездата на серијалот „The Crown“ во која ја глуми принцезата Маргарет, за магазинот „InStyle“ ги откри своите мали тајни за убавина.

Instagram
Instagram

Актерката отсекогаш сметала дека несовршената шминка е најдобра, па затоа дополнително ја размачкува. Таа вели дека од шминки користи маскара, молив за очи, а сака и слоевити кармини со мека текстура.

Хелен вели дека посветува големо внимание на мирисите кои многу влијаат на нејзиното расположение. Ароматичните масла за бања вели дека автоматски ја смируваат.

Што се однесува до утринските ритуали, таа вели дека еднаш три дена по ред се обидувала да пие сок од целер, но неуспешно.

Instagram
Instagram

Секогаш се навраќам на мојот вообичаен рецепт: шолја чај со кравјо млеко, потоа две шолји кафе со пенливо млеко и на крај малку путер од бадем и мед, а јас исто така сакам и ладен јогурт и овојше“, вели актерката.

За црвениот тепих, важно ѝ е да се чувствува моќно и цврсто да стои на земја. Затоа, како што вели чевлите ѝ се најважната работа.

Instagram
Instagram

Што се однеува до негата на коса, Бонам Картер секои две недели ја посетува фризерницата на својата стара пријателка, а кога ќе треба сама да го направи тоа, после миење, вели дека сака косата да ѝ биде со кадрици со цел да добие поголем волумен. Нема проблем со тоа дека користи и сув шампон затоа што ја прави нејзината коса погуста. Таа обожава разни додатоци за коса и дека има еден куп шноли, па кога ги става на косата се чувствува како да краси елка.

Instagram
Instagram

Во првата сезона на серијата „The Crown“ на целата актерска постава им правеле третмани за лице со кислород, бидејќи им било кажано дека на тој начин ќе изгледаат помладо.

Ви прави да изгледате посвежно за само неколку часа, но ефектот не трае многу долго“, вели Хелена.

Instagram
Instagram

Луѓето велат дека изгледам многу добро, а тоа е затоа што многу спијам, што е најдобрата потпора за колаген што можете да ја замислите. Неверојатно е што успеав да постигнам нешто со оглед на тоа колку спијам. За да помогнам во производството на колаген, спијам осум или девет часа, а дремнувам и преку ден“, вели Хелена, откривајќи ја тајната на младоста.