Не, не, ВМРО не е против САД од Коридорот 8, кога осудува корупција и други коруптивни и криминални скандали, коментира аналитичарот Фејзи Хајдари за Алмакос.
,,Во исто време, ми се допаѓа кога осудува корупциски скандали. Дај боже, што повеќе да имаме вакво ВМРО кое ќе ги осудува коруптивните афери кај Албанците во власта”, пишува Хајдари кој вели дека според ДУИ, ВМРО е добро само кога е во влада со ДУИ и заедно делат бизниси.
,Точно три мандати ДУИ беше на власт со ВМРО кога имаше монтажи на МОНСТРУМ, АЛФА, тепање студенти Албанци, Радишани, Палење дуќани и куќи на Албанци во Ѓорче Петров, Енциклопедија и учебници навредливи за Албанците…
Добро ли беше тогаш ВМРО?
И сега ВМРО е против САД, ЕУ и Коридорот 8???? Не? На кого продаваш прдежи?”, пишува Хајдари кој вели дека ќе го поддржува ВМРО-ДПМНЕ ако секогаш ја осудува корупцијата.
,,Ишала ВМРО до крај да ги осудува сите коруптивни афери и криминал меѓу владините функционери, макар тоа да е само кај Албанците, ќе го поддржувам до крај.
Според апсурдната логика на ДУИ, ВМРО е добро кога крадат заедно, а не е добро кога ги осудува корупциските скандали на ДУИ?!!
Еве ми се чини дека нешто логички не е во ред!”, пишува Хајдари.
Преземено од almakos.com