Имено според информациите кои ги пренесува порталот КУРИР, утрово пукнал доводен цевковод на ХЕЦ Врбен во општината Маврово Ростуше.

Интензивните врнежи во последните неколку дена во мавровскиот крај, предизвикаа лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот наречен Речки канал, на доводот Горна Радика, информираат од ЕСМ.

Притоа дел од водата се излева надвор од доводот кој ги носи водите до ХЕЦ Врбен.

-Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен, соопштија од Електрани на Северна Македонија.