Меѓународниот кривичен суд во Хаг бара налози за апсење на лидерот на Хамас Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото поради нападот врз Израел на 7 октомври и нападите на Израел врз Газа.

Ова го изјави главниот обвинител Карим Кан во интервју за за CNN. Кан рече дека Меѓународниот суд бара и налози за израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за двајца други врвни водачи на Хамас – Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, шеф на бригадите Ал Касем и познат како Мохамед Деиф, и Исмаил Ханије, политички лидер на Хамас.

Потерниците против израелските политичари се првпат судот да го нападне главниот лидер на близок сојузник на САД. Одлуката го става Нетанјаху во друштво на рускиот претседател Владимир Путин, по кого Меѓународниот суд издаде налог за апсење поради војната на Москва против Украина.

Комисија од судии сега ќе го разгледа барањето на Кан за налог за апсење. Кан рече дека обвиненијата против Синвар, Ханије и ал-Масри вклучуваат „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад“.

„Светот беше шокиран на 7 октомври кога луѓето беа грабнати од нивните спални соби, од нивните домови  во Израел“, изјави Кан за Аманпур.

Обвиненијата против Нетанјаху и Галант вклучуваат „предизвикување истребување, поттикнување гладување како метод на војна, вклучително и негирање на испорака на хуманитарна помош, намерно таргетирање на цивили во конфликтот“, рече Кан.

Кога минатиот месец се појавија извештаи дека главниот обвинител на МКС размислува за таква акција, Нетанјаху рече дека секој налог за апсење  против високи израелски владини и воени функционери „би било гнасно од историски размери“ и дека Израел „има независен правен систем кој ригорозно истражува сите прекршувања на законот“.

На прашањето на Аманпур за коментарите на Нетанјаху, Кан рече: „Никој не е над законот“.

Израел и САД не се членки на Меѓународниот суд, сепак, овој суд тврди дека има јурисдикција над Газа, Источен Ерусалим и Западниот Брег, откако палестинските лидери формално се согласија да бидат обврзани со принципите што го основаа судот во 2015 година.