Заменикот-министер за здравство Или Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни.

Тој ја оценува состојбата како влошена, а неговото присуство и ангажман во Тетово е во насока на уште поголемо зголемување на вакцинираните луѓе.

– Бројот на пациенти се следи, не е голем како што беше пред една недела и се надевам дека дека во Тетово се достигнува пикот на болеста, што не значи дека тој пик е постигнат во цела Република. Тетово веројатно порано „гори“ во однос на другите места, заради сите општи работи и фактори кои настааа во овој регион. Капацитетот на Тетовсата болница која е флексибилна е до 130 места. Отворени се капациитети и во Скопје, рече Хасани.

Според него, не се потребни дополнителни мерки за заштита од Ковид-19 само за тетовскиот регион.

-Ние ги гледаме сите параметри во Комисијата за заразни болести, утре во осум часот има нова средба и ќе се дискутира за нови мерки. Лично мислам дека не треба да се претерува со мерките затоа што се контрапродуктивни, како собирањето пред маркети, пред и по карантински денови. И овие мерки можат да помогнат, не може да се каже дека народот е недисциплиниран, туку индивидуи. Јас ги поздравувам совесните граѓани, сметам дека не може да се генерализира. Треба да се одржува дистанца, да се носи маска, да не се прават свадби, прослави и забави, рече заменик-министерот Хасани.