Новата сезона во Формула 1 се приближува до својот почеток.
Екипите ги претставија болидите, а вниманието го привлече Хас, за кого наредната сезона ќе вози синот на Михаел Шумахер, Мик Шумахер и рускиот возач Никита Мазепин, синот на рускиот милијардер Дмитриј Мазепин, кој е еден од главните финансиери на тимот.
Хас е американска фабрика, но болидот е во боите на Русија, што предизвика многу огорченост од симпатизерите на Формула 1.
Сепак, парите денес диктираат сè.
Presenting the new @HaasF1Team look for 2021…#F1 pic.twitter.com/EDFKDNn4qa
— Formula 1 (@F1) March 4, 2021