Американската академија на филмски науки и уметности го соопшти денес списокот на актери и познати личности кои ќе бидат водители на 93-та церемонија за доделување на Оскарите на 25 април во Долби центарот во Лос Анџелес, меѓу кои се и ѕвездите Харисон Форд, Бред Пит и Хали Бери.
На списокот се наоѓа и Рене Зелвегер, Хоакин Финикс, Лора Дерн и режисерот Бонг Џун Хо чиј филм „Паразит“ минатата година ја освои главната награда – Оскар за најдобар странски филм, соопштија продуцентите на церемонијата.
Ноќта на Оскарите ќе ја води Глен Вајс, познатиот експерт за ваков вид на настани, но со помош на режисерот Стивен Содерберг кој е задолжен за продукцијата.
Академијата соопшти дека 93-та церемонија традиционално ќе биде одржана во Долби центарот во Лос Анџелес, но ќе постојат вклучувања и од други места.
До сите номинирани беше доставено писмо во кое од нив се бара физички да присуствуваат на церемонијата.
„Ќе се потрудиме да пружиме пријатна и безбедна вечер за сите кои ќе бидат физички присутни, како и за милионите љубители на филмот ширум светот“, наведоа организаторите и додадоа дека на лице место ќе бидат поставени брзи тестови за коронавирусот.
Оваа година филмот „Mank“ на Дејвид Финчер во кој глуми Гери Олдман стана фаворит за Оскарот бидејќи освои најмногу номинации, односно 10 за оваа филмска награда.