Пејачот Хари Варешановиќ, попознат како Хари Мата Хари, избегнува да зборува за неговиот приватен живот во јавноста, а сега ја отвори душата и откри непознати детали за своето минато.
Имено, Хари истакна дека најинтересниот настан во неговиот живот е поврзан со неговото детство и неговото раѓање, бидејќи неговиот татко буквално го украл од болницата.
„Во Сараево таа година зимата била исклучително силна. Новородените деца масовно умирале затоа што немало греење во болницата. Татко ми и донел на мајка ми портокали, и тој буквално ме ставил во торба и ме одвел од страв да не умрам од студот. Јас на таков интересен начин, сум пристигнал во топлиот дом“, раскажа Хари.
Пејачот избегнува да зборува во јавноста за приватниот живот, а зад себе има два брака и три деца.
„За приватниот живот не сакам да зборувам. Имам два брака зад себе и три деца. Дамир, Мак и Наџа. Ќерка ми ми роди и два внука – Исак и Кан. Тоа е нашиот состав. Сега во овие години, внуците будат многу нешта во мене. За своите деца речиси и немав време… Бев на турнеите, патувањата, се борев да работам, да успеам и да имам кариера, а потоа внуците доаѓаат во позрелите години кога имаш малку повеќе време за нив и токму тогаш ја откриваш љубовта. Среќен сум што моите деца не се во музиката. Синовите ми се информатичари, а Наџа е доктор“, изјави славниот пејач.