Хари Кејн е подготвен да го напушти Тотенхем.
Одличниот напаѓач веќе е фрустриран од фактот дека Спарс не можат да го достигнат трофејот со години, и тој очајно сака да ги освои.
Затоа Кејн е подготвен да замине. Тој сериозно ја разгледува можноста, но тоа во никој случај нема да биде лесно.
Првиот човек на Тотенхем Даниел Леви постави навистина огромна бројка за трансфер на фантастичниот напаѓач и тоа е 120 милиони фунти.
Постојат неколку тимови кои се подготвени да ја платат оваа бројка. Кејн најмногу се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но „црвените ѓаволи“ засега не се подготвени да платат толку пари.
Кејн одигра 326 натпревари во дресот на Спарс и постигна 214 голови.