Принцот Хари и Меган Маркл наводно му поставиле ултиматум на кралското семејство во врска со нивното присуство на крунисувањето на кралот Чарлс III. Неименуван извор изјавил за Mirror дека двајцата „не сакаат да се најдат во токсична атмосфера“ доколку се појават на историскиот настан.

Покрај тоа, војводата од Сасекс наводно побарал средба со неговиот татко, кралот Чарлс и брат, принцот Вилијам, пред крунисувањето за да разговараат за нивните односи. Изворот изјавил и дека им е незгодно што датумот на крунисувањето паѓа на роденденот на нивниот син Арчи.

„Тој беше јасен и нема да отстапи. Тој нема да дојде ако почувствува дека атмосферата ќе биде токсична како што беше на платинестиот јубилеј на кралицата“, рече изворот, додавајќи: „Тој рече дека сака да се помири со неговото семејство и дека одлуката е на нив, но засега ништо не е променето“.

Кралот Чарлс ги сака Хари и Меган на крунисувањето, а Вилијам наводно е против

Потсетуваме, Дејли Мејл претходно напиша дека кралот Чарлс побарал од надбискупот Џастин Велби да дејствува како посредник и да им овозможи на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да дојдат на свечената церемонија на крунисување што ќе се одржи во Вестминстерската опатија.

Сепак, неговиот постар син, принцот Вилијам, наводно се спротивставува на идејата и верува дека двојката доаѓањето ќе го искористи за своја промоција и „нови пет минути слава“. Извори на британскиот таблоид тврдат дека кралот е убеден дека отсуството на Меган и Хари би направило повеќе штета отколку нивното присуство.