Кошаркарот на Бруклин нетс, Џејмс Харден изјави дека тимот засилен како резултат на размените, почнува да фаќа ритам и да се подобрува.
– Секако, наоѓаме ритам во нападот. Но и во одбрана. Почнуваме да ги разбираме нашите јаки и слаби страни, како и оние моменти во кои можеме да засилиме, рече Харден.
Тој ноќеска на натпреварот против Оклахома (147:125), за 32 минути постигна трипл-дабл – 25 поени, 10 скока и 11 асистенции.
По 21 натпревар Бруклин е на 2. место во Источната конференција од НБА лигата со 13 победи и осум порази. (МИА)