Натпреварот помеѓу Оклахома Сити и Хјустон беше одложен откако тројца играчи на Рокетси имаа позитивни или нејасни тестови на коронавирус, објави раководството на НБА лигата.
Уште четворица играчи на Хјустон завршија во самоизолација, додека остатокот од тимот беше негативен. Со неколкумина надвор од терените поради повреди, клубот ги немаше осумте играчи потребни за одржување на мечот, па затоа истиот беше одложен.
НБА, исто така, ја казни првата ѕвезда на Хјустон, Џејмс Харден со 50.000 долари за кршење на здравствените и безбедносни протоколи, со кои се забранува присуство на затворени социјални собири на 15 или повеќе лица или влегување во барови, салони и клубови.
– Харден ги прекрши овие правила кога присуствуваше на приватна забава во затворен простор во понеделникот, 21 декември – се вели во соопштението на лигата.
Кошаркарот признал дека отишол на забава со пријател, но не и во стриптиз клуб, како што објавија некои медиуми.
Излетот во стриптиз клубот на Харден ќе му донесе суспензија?!