Повеќе луѓе се застрелани, а пронајдени се и неактивирани експлозивни направи на метро станица во Њујорк, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извори од противпожарната служба.
Инцидентот се случил утринава на метро станицата на 36-та улица во населбата Сансет Парк во Бруклин. Сообраќајот е во прекин.
Полицијата на Њујорк на Твитер напиша дека „во моментов нема активни експлозивни направи“ на местото на инцидентот.
Во трк е истрага, а нема ниту детали за бројот на повредени или евентуални жртви.