Во Берлин претпладнево автомобил удри во група луѓе. Притоа загина едно лице, а повредени се осуммина. Според наводи на полицијата во Берлин, несреќата се случила околу 10:30 часот, во близина на познатата улица Кудам и црквата Кајзер Вилхелм. „Во моментов не знаеме дали се работи за намерен напад или за сообраќајна несреќа“, изјави полицискиот портпарол Тило Каблиц.
Осомничениот возач е уапсен на лице место. На фотографија објавена на интернет се гледа автомобил кој влетал во излог на продавница.
Кај црквата Кајзер Вилхелм во декември 2016 година атентатор влета во божиќен пазар. Притоа беа убиени 12 луѓе, а повредени над 70.
Derzeit gibt es einen größeren Einsatz in der #Tauenzienstraße.
Ein Mann soll in eine Menschengruppe gefahren sein. Ob es sich um einen Unfall handelt oder vorsätzliches Handeln, ist noch nicht bekannt. Einsatzkräfte halten den Mann, der gefahren sein, soll vor Ort fest.
^tsm— Polizei Berlin (@polizeiberlin) June 8, 2022