Лионел Меси е актуелна тема во фудбалскиот свет, шпанскиот медиум „Ел Мундо Депортиво“ откри дека Аргентинецот заработил 555.237.619 евра во Барселона од 2017 година, што предизвика жестока реакција од клубот.
Насловната страница на „Ел Мундо“ ја носи приказната за финансиските детали за вртоглавиот договор на Меси со Барса.
Меси и адвокатите најавија тужба поради доверливи информации кои стигнаа до јавноста. Каталонскиот клуб издаде соопштение во кое потенцира дека нема никаква врска со објавувањето на договорот.
– Со оглед на информациите објавени денеска во весникот „Ел Мундо“, во врска со професионалниот договор потпишан помеѓу Барселона и играчот Лионел Меси, клубот жали што станува збор за приватен документ кој се води според принципот на доверливост меѓу двете страни.
ФОТО: Меси ја доби најголемата понуда во историјата на фудбалот!
Барселона категорично негира каква било одговорност за објавување на овој документ и ќе преземе соодветни правни мерки против „Ел Мундо“, за каква било штета што може да настане како резултат на објавувањето на овој текст.
Барселона ја изразува својата апсолутна поддршка за Лионел Меси, особено во обидот да се дискредитира неговиот имиџ и да му се наруши односот кон него, како човек кој работеше да стане најдобриот играч во светот и во историјата на фудбалот – се вели во соопштението на Барселона.