Мерката според која е дозволен влез во Србија со негативен тест за ПЦР, а за граѓаните кои го немаат, пропишаната домашна изолација од 10 дена, наместо утре, како што првично беше решено, ќе стапи на сила од понеделник, 21 декември.

Одлуката е донесена на вчерашната седница на Владата на Србија, а стапувањето во сила на мерката, како што е наведено во одлуката, е поместено од недела за понеделник.

Мерката ќе важи до 10 јануари

За потсетување, одлуката на Владата од 15 декември, според која негативен тест за PCR не постар од 48 часа или изолација од домот во траење од 10 дена за оние што го немаат, е задолжителен за влез во Србија, требаше да стапи во сила од утре.

Во пресрет на влегувањето во сила на новите мерки за влез во земјата, на граничните премини е зголемен приливот на патници кон Србија.

Според преносите на РТС, се создава гужва на граничните премини со Унгарија и Хрватска, но и на австриско-унгарската граница и на патиштата во Западна Европа кон Србија воопшто, бидејќи многумина заминаа заради празниците и да избегнат анти-епидемиски мерки.

Гужва може да се забележи и на граничниот премин Прешево каде редици автомобили чекаат излез со цел да влезат во Македонија.