Директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге денеска во интервју за Телма истакна дека Владата на Република Северна Макеоднија направила се што терба не само за набавка на вакицни против Ковид 19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација.
-Владата на Република Северна Македонија стори се што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем, да обезбеди соодветна обука и опрема. И нарачката за Северна Република Македонија веќе е направена затоа сега се работи за неколку недели. Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ како и со регионалната канцеларија да се стори се што е возможно да се забрза процесот – истакна Клуге.