Во интервју за Ора24.тв и Алмакос.ком, генералниот секретар на Регијоналната Канцеларијата за Mалинска соработка Алберт Хани беше прашан какви впечатоци дава моментално Владата на Северна Македонија, околу Берлинскиот Процес, како процес, но и околу развојот и соработката на регионалниот развој. Хани истакна дека е многу задоволен од поддршката и ангажманот на нашата влада:
„Начелно сум задоволен од сите Влади, но посебно од Владата од каде доаѓам и јас. Многу сум задоволен и ако мојата матична земја покаже многу повеќе интерес за овој вид на проекти. Навистина, моментално гледаме еден вид на интерес кој се докажува не само преку финансиската поддршка туку и со поддршката во текот на организирањето на различни настани, интересот и за развој на други идеи и проекти. Ние сме тесно поврзани со Министерството за Социјални работи, демографија и млади. Министерот е и член на одборот. Министерот сам беше многу конкретен, многу концизен. Многу соработува со одборот на „РИКО“ но и со другите институции, како што се Премиерот и другите министри во Европа. Како заклучок би кажал дека самото присуство и координацијата на нашата Влада со другите Влади, но и на нашата Влада со „РИКО„ подразбира дека се спремни да соработуваат и да комуниницираат околу мирот, толеранцијата и соочувањето со минатото, со намера да се постигне една енергија во овој регион која ќе не потурне кон интеграциските процеси„ – изјави Хани./ zoom.mk