„Ние, во Општина Арачиново говориме со конкретни дела и работа и така ќе продолжиме уште посилно во вториот мандат“, порача пред своите сограѓани кандидатката за градоначалничка на Општина Арачиново на СДСМ и Коалицијата Милкије Халими.
Таа нагласи дека изминатите 4 години ги посветила на работа и реализација на проекти за „Најдоброто“ на секој жител на Арачиново.
Таа најави дека во наредниот мандат секоја куќа ќе се поврзе на канализација и ќе бидат изградени прочистителни станици, а во зоната на дивата депонија ќе никне парк за сите љубители на природата.
„Арачиново продолжува напред! Мојанци, Грушино, Орланци и Арачиново го заслужуваат најдоброто, затоа на 17 октомври гласајте за „Најдоброто“, заокружете го бројот 12 за уште една голема победа на СДСМ и Коалицијата во Арачиново“, повика кандидатката за градоначалничка на Општина Арачиново Милкије Халими.