„Веќе на наредните парламентарни избори, тие граѓани ќе му кажат на Мицкоски нема да гласаме за тебе затоа што имавме различна слика пред локалните избори“, вели поранешниот амбасадор, Мухамед Халили во емисијата „24 анализа“, во однос на изјавите на лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски дека името „Северна Македонија“ е реалност.

Според Халили, градоначалниците на ВМРО-ДПМНР направиле тешка грешка со свечените изјави со Република Македонија.

„Ние сме должни да го почитуваме Преспанскиот договор и секое понатамошно поигрување со името на државата ќе придонесе до последици. ВМРО-ДПМНЕ е оштетена со овие изјави. Тоа е лоша работа за државата“, вели Халили