Шефот на германската домашна разузнавачка служба, Томас Халденванг, денеска изјави дека екстремно десничарското движење „Граѓаните на Рајхот“, кое го негира постоењето на модерна германска држава, значително пораснало од минатата година и продолжува да претставува високо ниво на опасност.

Тој додаде дека групата која беше уапсена во рациите рано утринава е вистински пример за новата ситуација каде што цветаат идеологиите на „Граѓаните на Рајхот“, теориите на заговор и наративите на екстремната десница.

Германската полиција денеска уапси 25 осомничени членови и поддржувачи на екстремно десничарската сцена, членови на „Граѓаните на Рајхот“, кои се осомничени дека планирале државен удар.