Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд сака да се пресели во Реал Мадрид или Манчестер сити, пренесува „Билд“.
За играчот се заинтересирани уште Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Челзи.
Според изворот, Сити го гледа Норвежанецот како потенцијална замена за Серхио Агуеро, чиј договор истекува на лето. Реал Мадрид гледа на играчот како долгорочна замена за Карим Бензема.
Халанд реши да ја напушти Борусија доколку тимот не се пласира во Лигата на шампионите. Овој 20-годишник оваа сезона постигна 17 погодоци и четири асистенции на 18 натпревари во Бундеслигата.