Луис Суарез денеска ја изненади фудбалската јавност со својата објава на Инстаграм.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид утрово прво му го честиташе роденденот на својот син Бенјамин, а потоа откри дека има одличен подарок за него.

Имено, Суарез со посебна посвета на својот син му го подари дресот на Ерлинг Халанд, од кој е голем фан.

Халанд го испрати дресот со потпис до синот на Суарез и му го честиташе роденденот, што е навистина одличен потег на норвешкиот напаѓач.

Суарез објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како неговиот син позира со дрес на Халанд, и уште еднаш му се заблагодари на напаѓачот на Дортмунд што се согласил да го стори тоа.

“Врвен играч. Многу сум благодарен што тој го посвети својот дрес на мојот син за неговиот роденден. Голем гест од негова страна. Продолжете да работите напорно и ви благодарам уште еднаш”, рече Суарез.