Една хакерска група успеала да ја преземе контролата над безбедносни камери во болници, училишта, компании и затвори ширум САД.
Како што пренесува АП, прво провалиле во аистемот на американската компанија „Веркада“ која работи со сите погодени установи.
Агенцијата наведува дека калифорниската компанија „Веркада“ во средата го потврдила нападот и соопштила дека се истражува обемот на злоупотребата, а дека известена е и полицијата и корисниците на системите.
Швајцарскиот хакер Тил Котман, член на групата која себеси се нарекува „APT-69420 Arson Cats”, за агенцијата во интернет разговор го потврдува нападот и вели дека за него е одговорна мала група хакери со хомосексуална ориентација, зад која не стои ни една држава, а дека нивните цели се желбата за забава, слобода на сексуалното определување и подобар свет.
Тој за агенцијата изјави дека хакерите пристапот до безбедносните системи го добиле благодарение на тоа што групата искористила супер администраторски налог за копманијата „Веркада“, а од оваа компанија соопштија дека во моментот ги блокирале сите интерни налози на администраторите за да се спречи нов неовластен пристап.
АП пренесува дека хакерите можеле два дена несметано да ги следат во живо десетиците илјади камери, меѓу кои и осетливи како оние во болниците или училиштата.. Котман вели дека со овој потег хакерите сакале да привлечат внимание кој опасноста од масовниот надзор.
Некои од погодените установи се одновното училиште „Сенди Хук“ во Њутаун, во Конектикат каде во 2012 година се случи еден од најсмртоносните терористички напади во историјата на САД кога беа убиени 26 ученици и шест наставници, но и објекти на компанијата „Тесла“ и затворот во округот Медисон во Алабама, наведува АП.