Хакерите се претставиле како рекрутери од LinkedIn и WhatsApp и нуделе работа. Потоа, тие испраќале документи со описот на работните задачи, во кои се наоѓала штетна програма за добивање пристап до компјутерот. Се наведува дека обидите за провала во компјтерите биле неуспешни.

Хакери од Северна Кореја се обиделе да продрат до уредите на британската фирма AstraZeneca, разработувач на една од вакцините против коронавирусот, јавија денеска некои американски медиуми.

Хакерите се претставиле како рекрутери од LinkedIn и WhatsApp и нуделе работа. Потоа, тие испраќале документи со описот на работните задачи, во кои се наоѓала штетна програма за добивање пристап до компјутерот. Се наведува дека обидите за провала во компјтерите биле неуспешни.

Во светот се разработуваат повеќе од 200 вакцини против ковид-19. До третата фаза успееја да дојдат само неколку компани, како германско-американската иницијатива на BioNTech и Pfizer, Moderna од Масачусетс, САД, AstraZeneca со Универзитот Оксфорд од Велика Британија и Центарот Гамалеи од Москва. Сите соопштија за висока ефективност на нивните лекарства.

Првите вакцинации од ковид-19 во САД се очекува да започнат на 11 декември.