„Заев му дал „бомби“ на Груби и затоа тој се прави силен и никој ништо не му може. Тој може и со сила да го избрка генералниот секретар на Владата и никому ништо, а со тие бомби Груби ги држи во раце и кадрите на ДУИ бидејќи тој има дел бомби и од нив“, изјави Џевдет Хајредини, поранешен министер за Финансии на Република Македонија вечерва во емисијата „Што не е јасно„ на Алфа телевизија.
Хајредини истакна дека Груби поседува телефонски разговори и од кадри на ДУИ и со тоа ги држи во раце, а исто така напомена и дека ако некој се закачи со првиот вицепремиер тој користел и други методи.