Агенцијата за цивилна одбрана на Хаити објави дека 344 лица се уште се водат како исчезнати по катастрофалниот земјотрес. Најмалку 2.207 луѓе го загубија животот, а повеќе од 12.268 се повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди Хаити минатиот викенд. Потресот уништил околу 53.000 објекти. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил 12 километри североисточно од Сент Луис ду Суд, на длабочина од 10 километри. Премиерот на Хаити Ариел Хенри прогласи едномесечна вонредна состојба во земјата. Еден од најсмртоносните земјотреси во светот во минатиот век беше регистриран на Хаити на 12 јануари 2010 година.

Advertisements

Прикажи повеќе