Хабиб Нурмагомедов неодамна ја заврши својата професионална ММА кариера.
Легендарниот борец се повлече непоразен и со сооднос 29-0, а неговиот менаџер Али Абделазиз откри дека имал бројни нереални понуди да направи уште една борба.
Познатиот боксер Флојд Мејведер, наводно, му понудил 100 милиони долари за боксерски натпревар, но Хабиб одбил.
“Откако се пензионираше, му беа понудени 100 милиони долари да се бори против Флојд Мејведер. 100 милиони долари. Прашај го Флојд дали е вистина. Хабиб одби. Тој рече: Јас завршив со борби, и ветив на мајка ми дека нема да се борам повторно и сакам да го одржам зборот. Ако таа ми каже дека може да се борам, тогаш ќе го сторам тоа. Вака нема шанси“, го цитираше Абделазиз дагестанскиот шампион.
Исто така, УФЦ понуди пресметка со друга легенда, Жорж Пјер
Абделазиз тврди дека била понудена борба во која и двајцата борци би имале 75 килограми, односно би се бореле во категоријата помеѓу лесна и полутешка категорија.
И Хабиб не ја прифати оваа понуда. Причината е иста како и одбивањето на Флојд Мејведер.
“Пред околу десет дена Дана Вајт ми се јави и ми рече дека ГСП би сакал да се бори со Хабиб со 75 клиограми. Го чекавме долго Жорж, тој е мој пријател, но го чекавме четири или пет години. Секогаш беше сака или не. Сега нема смисла дека, тој сака борба кога Хабиб се повлече “, истакна Абделазиз.
По завршувањето на кариерата, Хабиб се посвети на тренирање роднини и пријатели во Дегестан. Тој ја презеде улогата на неговиот татко кој создаде бројни шампиони и засега неговата улога како тренер оди многу добро.