Поранешниот министер и економски експерт Џевдет Хајредини, смета дека вицепремиерот Битиќи има економска стратегија до 2042 година, но дека ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите, а СДСМ губи, токму поради односот кон политиката со Бугарите.

Според Хајредини и младите Македонци и Албанци бегаат од Македонија.

Во однос на барањето за внесување на Бугарите во Уставот тој потенцира дека Преамбулата на Уставот ниту дава ниту одзема права.

Но, додава дека Бугарија не ги признава македонскиот јазик и народ и дека за Албанците кои живеат во Македонија е подобро Македонија на Македонците.

– Бугарија никогаш не го признала, не признава и нема да ги признае македонскиот јазик и нација. За Албанците подобро е да имаат Македонија на Македонците, отколку пробугарска или просрпска, рече Хајредини.