Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини преку статус на ФБ го праша Христијан Мицкоски зошто ниту една хидроцентрала не е изградена додека бил директор на Електростопанство, воедно порача зошто Битиќи и Ковачевски не му го кажат ова в лице, туку секој ден држат прес конференции.
-Никому, од една страна, не е јасно што е толку страшно Ковачевски или Битиќи да се сретнат со Мицкоски и да му кажат исто тоа што го кажуваат секој ден?
Од друга страна, и Мицкоски треба да објасни зошто барем една од електричните централи, предвидени во програмата на ВМРО “Преродба во 100 чекори”, дури и “проширена и надградена”, не е изградена во време кога тој беше и директор на Електростопанство на Македонија. Дури ниеден камен темелник не се положи, напиша Хајредини.