Ахмети е заробен од Груби, затоа мора да го брани, поседува бомби што ги добил од Заев, па сега Ахмети е врзан, ова според порнешниот министер за финансии и аналитичар Џевдет Хајредини е причина за благонаклонетоста на Ахмети кон Груби, во време кога дел од членството на ДУИ се крена против Груби. Пред камерата на Алфа Хајредини ги толкува пораките на лидерот на партијата на власт, нагласувајќи дека ДУИ може без секого, ама не го издвои т.н. прв вицепремиер.
-Симптоматично е и што Али Ахмети не вика дека ДУИ може и без Артан Груби. Можеби тоа му е лапсуз, меѓутоа, има факти кои збортуваат дека тоа не е случајност, затоа што, од она што е познато, Артан Груби по вина на Зоран Заев располага со т.н. „бомби“, кои се се забранети со закон. Али Ахмети избегнува да го спомне, затоа што и тој самиот е заложник на Груби.“ – Истакна Хајредини
Тој додава и дека преслушкуваните разговори кои ги поседувал Груби му дозволиле да се стекне со, како што вели, против-уставната функција прв-заменик премиер.