Американската манекенка со потекло од Германија, Хајди Клум и нејзината наследничка Лени Клум во последно време се многу активни на социјалните мрежи.
Познатите мајка и ќерка постојано објавуваат заеднички фотографии споделувајќи интересни моменти од своето секојдневие. Очигледно тие поминуваат многу време заедно и одлично се забавуваат.
Овојпат, Хајди на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која позира заедно со Лени во автомобил во опуштено издание. Тие едноставно ги маѓепсаа своите обожаватели со природниот изглед.
Хајди позираше без трошка шминка, додека нејзината наследничка само ги потенцирала нејзините прекрасни сини очи со молив за очи.
„Преубави мајка и ќерка“, „Лени, имаш прекрасни очи“, „Руса коса, плави очи, едноставно личиш на ангел“, „Не ја ни забележав Хајди покрај Лени“, „Прекрасни сте“, „Не знам која е поубава“, беа дел од коментарите на нивните обожаватели.
Лени тргна по стапките на својата славна мајка, појавувајќи се во сè повеќе модни кампањи, а Хајди и Лени неодамна заедно ја красеа и насловната страница на магазинот „Вог“.
На наследницата на Хајди многумина ѝ предвидуваат блескава кариера, а поради нејзината нерелана убавина таа се „заканува“ дека ќе ја надмине славата на нејзината мајка.