Новинарот и публицист Фејзи Хајдари, сопственик на порталот „Лајм“, во ексклузивното интервју за агенцијата БГНЕС му порачува на лидерот на ДУИ да оди до Софија да ја дознае реалноста и да престане да ѝ служи на оската Белград-Атина.
„Во време кога Бугарија се обидува да го минимизира српското влијание во Македонија, ние, како Албанци, немаме здрави политички структури за поддршка на овој процес. Политиката на Албанците во РсМ понекогаш повеќе им служи на интересите на Србија отколку на просрпските македонски политички сили. Убеден сум дека мора да биде обратно.
Али Ахмети треба да ја посети Софија и да ја разбере реалноста: Интересите на локалните Албанци не се поврзани само со оската Белград-Атина, туку се и многу пошироки. Ахмети да ја прочита вистинската приказна, а не онаа што му ја предочуваат разни лажни историчари“, вели Хајдари за БГНЕС.
Тој препорачува Ахмети „да го следи примерот на големиот албански политичар и визионер Арбен Џафери, кој при посетите на Софија успеа да воспостави одлични односи со различни кругови и со државниот врв на Бугарија како поранешниот претседател Петар Стојанов и премиерот Иван Костов.
Ахмети нека ја прочита вистинската приказна, а не онаа што му ја нудат разни лажни историчари кои го посетуваат Ахмети секој ден во седиштето на партијата. Ќер се увери дека добрите односи со Софија воопшто да не ги нарушуваат односите (или интересите) на Албанците во РсМ или на Балканот“, препорачува Хајдари.