Гвинет Палтроу ја изненади јавноста со неодамнешното признание како ги поминувала ноќите во карантин…
Прославената актерка Гвинет Палтроу е позната како личност која води сметка за својата исхрана, и која постојано го промовира здравиот начин на живот.
Меѓутоа, за време на карантинот, соочена со големиот психолошки притисок таа влегла во канџите на еден од пороците на денешницата – алкохолот. Освен тоа, како што истакна, таа се поправила неверојатни 6 килограми.
„Пиев седум дена неделно, постојано варев тестенини и јадев леб. Тотално забегав од вистинскиот пат“, изјави Гвинет Палтроу за „The Mirror“.
Освен што секојдневно уживала во виски, актерката открива и дека смислила свој, личен пијалок.
„Кој пие седум дена во неделата? Тоа не е здраво. Сакам виски и произведувам фантастичен пијалок кој се вика „Buser Paltrow“, а го нареков по мојот дедо кој сакаше разни виски“ раскажа актерката која ја откри тајната на нејзиното фантастично виски…
„Тоа е одлично виски од киноа од дестилеријата во Тенеси, со јаворов сируп и лимонов сок. Секоја ноќ пиев по две такви виски“, призна Гвинет.