Фудбалерите на Манчестер Сити вчера освоија само еден бод на домашен терен против Саутемптон (0:0) во натпреварот од петтото коло на англиската Премиер лига.
Сити вчера беше голем фаворит на натпреварот против Саутемптон, но на крајот не успеа да го скрши отпорот на гостинскиот тим и да стигне до нови три бода.
По натпреварот, фокусот на домашниот тим беше Пеп Гвардиола, кој уште еднаш одлучи да го сврти вниманието на густиот распоред што го имаат некои тимови од Премиер лигата.
Сити во средата одигра натпревар од Лигата на шампионите против Лајпциг, а веќе вчера имаше натпревар против Саутемптон. Гвардиола рече дека неговиот тим едноставно немал доволно време за одмор.
“Саутемптон имаше седум дена да се одмори и да се подготви за натпреварот, а ние имавме десет минути. Премиер лигата има 38 натпревари и сите играат против секого. Сепак, тоа не е точно за тимовите што играат во Лигата на шампионите”, рече Гвардиола и продолжи.
„Посакувам да имавме повеќе време за одмор и да се подготвиме за натпреварот, но денес едноставно ја немавме таа свежина во нозете и главата. Имавме четири или пет нови играчи во тимот, но вие едноставно понекогаш имате такви денови кога не ти оди добро“.
Гвардиола повторно им рече на челниците на клубот дека е грешка што ова лето не донесоа засилувања на врвот на нападот.
„Денеска не победивме затоа што немавме централен напаѓач“, додаде тренерот на Манчестер Сити.