И покрај огромните пари, високиот буџет и одличните играчи, Пеп Гвардиола сепак не успеа да ја освои Лигата на шампионите со друг тим освен Барселона.
Манчестер Сити беше запрен во финалето од Челзи. Челзи славеше на стадионот Драгао со минимални 1:0 и заслужено се искачи на тронот на Европа.
Пораз во финалето за Гвардиола значи ново трошење пари, што е на некој начин неопходно по заминувањето на Серхио Агуеро во Барса како слободен агент.
Пеп најде ново засилување во Бундеслигата. Агуеро треба да биде заменет со Андре Силва кој експлодираше во дресот на Ајнтрахт Франкфурт минатата сезона.
Англискиот шампион веќе стапи во контакт со Хорхе Мендеш, кој го претставува португалскиот напаѓач. Трансферот нема да се реализира за цифра помала од 40 милиони евра.
Силва постигна дури 28 гола во Бундеслигата во сезоната 2020/21 и беше еден од најдобрите играчи во ова натпреварување, па не е изненадување што Гвардиола го посакува меѓу „граѓаните“.