Во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2:1.
Тимот на Пеп Гвардиола оствари предност пред реваншот во Дортмунд, но се чини помалку отколку што очекуваа.
Борусија има добар резултат, а свесен за тоа е и менаџерот на Граѓаните, Пеп Гвардион, кој го анализираше синоќешниот натпревар.
“Првото нешто што сакам да го кажам е дека одиме во Дортмунд да победиме. Во првиот дел од играта не се справивме на најдобар начин. Во второто полувреме ситуацијата се подобри, имавме неколку добри шанси на 1:0 “, рече шпанскиот стручњак.
“Борусија е типичен клуб од Лигата на шампионите. Тие учествуваат во ова натпреварување многу години и знаат што треба да се направи во секое време. Одиме да се “бориме во Дортмунд”.