Пеп Гвардиола освен што беше добар фудбалер и уште подобар тренер, тој е познат како човек со широки интереси и кога станува збор за Каталонија не крие дека сака нејзина независност.
Пеп ваквиот став го искажа уште кога беше фудбалер и иако со репрезентацијата на Шпанија го освои златниот медал на Олимписките игри во Барселона 1992 година, во нитоу еден момент не крие дека негова желба е родната Каталонија да добие независност.
Токму олимписката репрезентација од ОИ во Барселона има своја Ватс ап група, но во неа повеќе не е дел Пеп и тоа поради политичките ставови.
– Ние бевме како семејство, тие и понатаму се собираат на таа социјална мрежа, зборуваат и другаруваат, но не ме сакат мене таму. Сфатив поради што и ме исфрлија од групата – открива Гвардиола во документарниот филм „Играј повторно, Пеп“.
Иницијатор за исфрлање на Гвардиола од групата е Сантијаго Кањизарес кој постојано имал вербални конфликти кога станува збор за политиката.
– Секогаш се чувствувам лошо кога зборува за политиката и поради неговите агресивни ставови. Таа негова агресивност дојде до такви граници за повеќе да не може да се толерира. Го изгубив секој контакт со него – изјави поранешниот голман на Валенсија, Кањизарес кој притоа изјави дека мозокот на Гвардиола мутирал од политиката.
За разлика од Кањизарес, актуелниот менаџер на Манчестер сити има поинакво мислење.
– Ја сакам својата земја Каталонија, но имам чувства и за Шпанија. Тие сега ми замеруваат што играв за Шпанија, но јас играм за тим и давав се од себе. Алфонсо Перез и Кањизарес не можат да го сфатат тоа – објаснува Гвардиола.
Тој во 2018 година беше казнет со 20.000 фунти од Фудбалската федерација на Англија бидејќи носеше жолта лента на рамото во знак на поддршка за политичките затвореници во Каталонија.
– Тоа не беше порака за независност, туку за невините луѓе кои лежеа во затворите. Но, ги прифаќам правилаѕа и ја платив казната. Пред се јас сум човек, тоа не е политика туку хуманост – вели Пеп.