Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш изјави дека поради пандемијата на коронарниот вирус, светот влезе во најтешката економска криза во последните 100 години.
Тој во својот говор оцени дека пандемијата открила повеќе светски проблеми, како што се нееднаквост меѓу луѓето и земјите, нестабилност „кризна клима и криза со биодиверзитетот“. Според него, „водењето војна со природата“ доведува до „одмазда“ и го повика светот на дијалог и соработка.
– Advertisement –
„Владите, меѓународните организации, приватниот сектор и граѓанското општество треба да работат заедно“, рече тој.
Генералниот секретар на ООН истакна дека во 2021 година, светот има единствена можност да го искористи закрепнувањето од пандемијата во „премин од кревкост во еластичност“.
Поради пандемијата оваа година светскиот економски форум се одржува преку видео конференциска врска.